| четврток, 6 декември 2018 |

Статистиката охрабрува, позитивен тренд за трето дете во Скопје

Позитивниот раст охрабрува дека има надеж во борбата за зачувување на нацијата, предизвик кој се раѓа и кај најголемите држави во Европа и светот.

Процентот на третородени деца во 2014 забележува значителен раст во скопските општини со македонско население. Во општина Аеродром процентот на трето родени деца е зголемен за 7,2 отсто, во Кисела Вода за 10,6 отсто, во Карпош за 8,9 отсто и во општина Ѓорче Петров за 11 отсто.

За ваквиот позитивен тренд кој охрабрува, говореше и премиерот Никола Груевски во обраќањето на 8. Септември, кога истакна дека е важно воспоставувањето на култура за многудетни семејства и нагласи дека владините мерки даваат видливи резултати и трудот и напорите се исплателе, иако многу скептици не верувале во тоа.

-Трето дете во семејство не е веќе вистинска реткост, туку е сѐ почесто и полека станува, но сигурно хит, станува мода, станува нормално сѐ повеќе. Ако пред 7 години беа вистинска реткост, веќе нема улица, или влез во зграда каде нема по еден или повеќе случаи на семејство со три или повеќе деца. Бројот на третородени деца во 2008 е 2677 трети деца во семејство, додека во 2014 е 3.715 трети деца во семејство, што е раст од безмалку 40 осто. Тоа се цели 1038 повеќе семејства само во текот на една година кои се одлучиле да имаат трето дете, споредено со 2008. Во 2008 се родиле вкупно 22.945 деца, а во 2014 23.674 деца, што е плус 729 деца, и раст од 3,2 отсто – рече Груевски.

Груевски истакна дека последните статистички податоци, покажуваат дека годинава првпат во прво одделение се запишаа преку 1.000 првачиња повеќе од лани што со децении не се случило,  а трето дете во семејството веќе не е реткост.

Со враќање на културата на повеќедетни семејства ќе запре деценискиот пад на наталитетот. Покрај скопските, општините кои имаат карактеристичен раст во бројот на третородени деца се Штип, Македонска Каменица, Крива Паланка, Зрновци, Лозово, Босилово, односно поголем број на општини во Источна Македонија.

Дека мерките за стимулирање на наталитетот навистина даваат ефекти, сведочи статистиката. Ако во општина Крива Паланка во 2008 година имало само седум третородени деца. Минатата година 27 жени родиле трето дете, а тоа е за четирипати повеќе. Понатаму, во општина Зрновци, во 2008 имало едно третородено дете, а минатата година четири. Во општина Свети Николе, од четири на 19 третородени деца, општина Пробиштип има значаен раст исто така.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top