Реал Мадрид ја освои интерконтиненталната титула во кошарка со победа во вториот меч против јужноамериканскиот шампион Бауру. За титулата се играше во два меча, а Бразилците го изненадија европскиот првак во првиот дуел и славеа со еден поен разлика, но потоа немаа сила за уште еден подвиг и загубија со 79-91, што им донесе нова круна на кралевите од Мадрид.
Џејси Керол со 22 поени во вториот меч го предводеше Реал до новиот трофеј, додека кај Бауру, најефикасен беше Рикардо Фишер со 26 поени. Реал само ја дополни богатата колекција на трофеи, а Бауру не успеа да го донесе првиот интерконтинентален пехар во своите витрини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)