| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје го слави Суперкупот со убедлива победа против Работнички

МЗТ Скопје го слави првиот значаен трофеј сезонава по победата против вечниот ривал Работнички со 81-62.

Рамноправно беше само во првата четвртина што ја добија дебармаалци со 19-16, а се потоа беше во знакот на шампионот МЗТ Скопје.

Подмладениот состав на Работнички немаше сила да му се спротивстави на фаворитот, па аеродромци на полувреме заминаа со 5 поени предност, 40-35.

Во вториот дел разликата постојано растеше, до конечните плус 19 за освојувачот на Суперкупот МЗТ Скопје. Марко Симоновски беше најефикасен на мечот со 17 поени, а кај поразениот состав најмногу поени, 16, забележа Мираковски. Тој ја доби и наградата за најкорисен кошаркар на турнирот, а Дреновац од МЗТ Скопје е прв стрелец.

MZT kup na makedonija 2015 (6) (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top