Станува збор за урбана приказна во која главните ликови се соочуваат со проблемите кои се појавуваат откако ќе заминат на викенд надвор од градот.
Во филмот „Помеѓу” играат Никола Кузелов, Јана Стојановска, Симон Манасковски и Владанка Димковска. Приказната е на Никола Кузелов, а сценариото на Марјан Гавриловски. Директор на фотографија е Огнен Ацевски, монтажата ќе ја работи Златко Стровјановски, а музиката Бобан Апостолов. Звукот и звучните ефекти ќе бидат обработени во Португалија.
Премиерата на „Помеѓу” се очекува до крајот на годинава заедно со претходниот краток филм на Марјан Гавриловски „Кота 404“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура