Златна камера 300 на годинашниов фестивал Браќа Манаки доби кинематограферот Маќаш Ердели за филмот Синот на Саул, Сребрена камера 300 доби Адам Аркапо за Макбет, и Бронзена камера 300, кинематограферот Матео Гусман за филмот Земја и сенка.
Вечерва во Битола беа доделени и наградите за животно дело на кинематограферите Божидар Николиќ и Јаромир Шофр, а во моментов во Центарот за култура е проекцијата на тајванско-кинескиот филм Убиец.
Со ова заврши Фестивалот на филмската камера Браќа Манаки.
Директорот на фестивалот, Димитар Николов Таки вели дека 17 илјади луѓе ги гледале филмовите од годинашната програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија