Понеделник ќе биде облачен ден, но без поголемии услови за дожд, предвидува Метеопро. Можно е „ситно“ проврнување во дел од западот од земјава, особено планинскиот. Сончеви периоди ќе очекуваме повеќе во југоисточниот крај.
Температурата ќе има вредности околу 20 степени целзиусови во севрниот дел на повардарие и котлините од источниот крај, а околу 23 степени во јужниот дел. Околу 19 степени ќе биде вредноста на максималната температура во југозападниот регион.
Во Скопје и околината ќе биде претежно олачно, но со можност за повремени сончеви периоди попладне. Максималната температура нема да надмине 20 степени целзиусови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.