Од пред неколку дена проработеа сите семафори во главниот град. Десетина семафори што беа поставени пред неколку месеци на пешачки премини или помали крстосници од пред неколку дена функционираат со полна пареа.
До скоро тие само трепкаа или не беа функционални, а деновиве сите поставени семафори ги покажуваат сите три бои.
Фотографиите што ги гледате се снимени на булеварот Александар Македонски во скопската населба Автокоманда, каде што од неодамна е поставен семафор на пешачкиот премин кај фабриката „Алкалоид“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


