| четврток, 6 декември 2018 |

Пуштени во функција семафорите кај ТЦ „Бисер“ и ТЦ „Капитол“

Екипите  на  ЈП Улици и патишта денеска ги пуштија во функција новите пешачки семафори кај ТЦ ,,Бисер“ и ТЦ „Капитол Мол“. Во изминатиот период четири семафорски столбови за пешаци беа поставени на булеварот „Јане Сандански“, на пешачкиот премин помеѓу  ТЦ „Капитол“ и „Бисер“.

Овој проект е реализиран по налог на Град Скопје, а со цел за поголема сигурност и безбедност на пешаците во сообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top