| четврток, 6 декември 2018 |

Хамилтон ја освои Сузука и се израмни со Сена

hamilton-e1443342070242
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон денеска победи во трката за Големата награда на Јапонија во рамките од Формула 1 шампионатот.

На тој начин втор пат по ред слави на Сузука. Хамилтон ја оствари својата 41. победа во кариерата и по бројот на победи со легендарниот Ајртон Сена.

Пред нив се наоѓаат уште три легенди, Михаел Шумахер (91), Алан Прост (51) и Себастијан Фетел (42).

Хамилтон ја заврши трката за еден часа, 28 минути, шест секунди и 508. Второто место го освои неговиот тимски колега, Нико Розберг кој заостана нешто под 19 секунди, а трет низ целта помина Фетел (Ферари) со 20 секунди заостанување зад најдобриот.

Британецот ја зголеми предноста над Германецот во генералниот пласман на 49 бодови, а наредната трка во сезоната ќе биде на 11. октомври 2015 година во Сочи за ГН Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top