Јувентус не е ниту сенка од ланскиот шампионски тим, кој лесно ја освои Серија А и играше финале во Лигата на шампионите. Скалпот на „старата дама“ вечерва го зема и Наполи со победа од 2-1.
Во дербито на шестото коло Јувентсу го претрпе и третиот пораз, а најава за нов неуспех на „црно-белите“ од Торино стаса во 26. минута кога Инсиње погоди за 1-0 за Наполи. Домашниот состав ја зголеми предноста во 62. минута со голот на Игуаин, а поразот на Јувентус го ублажи Лемина со погодок само 60 секунди подоцна. Наполи со девет бода се проби на десеттото место, а шампионот падна во долниот дел од табелата и со само 5 бода е на тринаесеттата позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.