| четврток, 6 декември 2018 |

Финале на Суперкупот во Охрид за скопските ривали Работнички и МЗТ Скопје

MZT kup na makedonija 2015 (14) (Custom)

Во финалето на кошаркарскиот куп во Охрид утре од 19,30 часот ќе играат вечните ривали Работнички и МЗТ Скопје. Работнички го декласира Кожув со 79-56, а МЗТ Скопје во драматичен меч го надигра Куманово со 78-75.

Репрезентативецот Стојан Ѓуроски покажа дека ќе биде огромно засилување за Работнички и со 17 поени беше најефикасен на мечот со Кожув. Искусниот Мираковски одлично го предводеше тимот со 14 поени и 8 асистенции. Кај Кожув со 11 поени најзабележителен беше Пен.

МЗТ Скопје по вторпат за нецела седмица го победи Куманово, овојпат со три поени разлика и ќе игра финале во Суперкупот со вечниот ривал Работнички.

Најзаслужен за триумфот беше Дреновац со 24 поени и 7 скока, а репрезентативецот Дамјан Стојановски постигна 19 поени. На спротивната страна уште еден наш репрезентативец Александар Костовски беше прв стрелец со 17 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top