Надуеноста на стомакот измачува поголем број на луѓе и често умее да трае навистина долго. Ако сакате брзо да се ослободите од овие непријатности, може тоа да го сторите со помош на овие намирници.
Краставички
Овој зеленчук кој изобилува со вода го хидрира вашиот организмот, помагајќи му да се ослободи од надуеноста. А бидејќи содржи само 45 калории, тоа го прави да биде едноставно идеален.
Грејпфрут
Еден голем грејпфрут содржи само 120 калории и е полн со вода која ги исфрла непосакуваните материи од организмот. Исецкајте го на мали парчиња и јадете го полека. Ако изедете цел грејпфрут одеднаш, може да проголтате и многу воздух, поради што ќе се чувствувате уште повеќе надуено.
Незасладен зелен чај
Благодарение на тоа што содржи epigallocatechin gallate (антиоксиданс кој делува против воспаленија и ублажување на различни тегоби) зелениот чај уште одамна се користи за овие цели. Пијте го ладен, само не го засладувајте.
Чај од нане или ѓумбир
Секогаш имајте при рака чај од нане или ѓумбир како прва помош. Овие чаеви ќе ви помогнат да се ослободите од гасовите и да го смирите вашиот стомак на потполно природен начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.