Следниот голем бран имигранти во Европа можеби ќе дојде од Либан, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во интервју за германскиот весник „Велт“.
– Настаните во Либан ме загрижуваат. Ситуацијата е до извесен степен драматична. Имено оттаму може да дојде следниот бран бегалци, рече Хан. Таму прибежиште најдоа 1,2 милиони Сиријци, една третина од населението на Либан и живеат во очајни услови, рече тој.
– Таа земја отсекогаш беше најнестабилна во регионот. Освен тоа, невработеноста е значителна, а државниот долг е прекумерен. Тоа е опасна комбинација, предупреди еврокомесарот за односи соседните земји и преговорите за проширување на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.