| четврток, 6 декември 2018 |

Гори најголемата џамија во Западна Европа

­ Најголемата џамија во Западна Европа што се наоѓа во јужен Лондон попладнево ја зафати пожар, а пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на огнот.

dzam

Како што јавуваат британски медиуми, во гаснењето на пожарот во џамијата Бајтул Футух во Лондон учествуваат најмалку 70 припадници на противпожарната служба. Огнот избил во приземјето, а потоа се проширил на првиот кат.

Од полицијата наведуваат дека немаат информации дека имало луѓе во џамијата во моментот на избувнувањето на пожарот, како и оти се уште се работи на гаснењето. ­

– Видов мал облак од чад, се слушнаа аларми, а потоа огнот се прошири, сега тука се полицајците, пожарникарите, амбулантни возила и стотици граѓани, рече очевидец.

Џамијата е изградена во 2003 година, а за тоа се потрошени околу 5,5 милиони фунти. Се смета дека е најголема во Западна Европа и оти може да прими 10.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top