| четврток, 6 декември 2018 |

Раде Шербеџија размислува за нов дует со Кемал Монтено

Познатиот актер Раде Шербеџија со својот бенд „Западни колодвор“ наскоро ќе одржат два концерта во Белград и Нови Сад, Србија, на кои ќе претстават обработки на старогратски и изворни мелодии, евергрин и ромски балади. По тој повод Шербеџија изјавил: „Овој пат ми се пеат некои стари српски песни. Можебо со себе ќе го доведам и мојот драг пријател Кемал Монтено. Убаво ми е кога сум на бина со пријателите, бидејќи така го запираме времето. Кемал и јас размислуваме за нов дует.“ – изјавил тој за српски Новости.

Шербеџија и Монтено веќе имаат соработувано за баладата „Ни у твоме срцу“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top