| четврток, 6 декември 2018 |

Вицепремиерот Пешевски во посета на индустриската зона Чојлија

Индустриската зона Чојлија е најголемата индустриска зона во Македонија, првобитно замислена со големина од 196 хектари, во моментов се работи за проширување и пренамена на земјиштето за да се добијат уште 26 хектари. Со тоа вкупната големина ќе достигне 230 хектари

Владимир Пешевски, вицепремиер за економски прашња денеска беше во посета на индустриската зона Чојлија.

– Примерот на индустриската зона во Петровец е пример кој укажува како треба да се креираат економските политики на една држава. Не е потребно само централната власт туку е потребно и локалната власт да преземе соодветни мерки и дејствија – изјави Пешевски.

Индустриската зона Чојлија е најголемата индустриска зона во Македонија, првобитно замислена со големина од 196 хектари, во моментов се работи за проширување и пренамена на земјиштето за да се добијат уште 26 хектари. Со тоа вкупната големина ќе достигне 230 хектари.

Пешевски подвлече дека примерите на општина Петровец треба да бидат пример и за останатите градоначалници, односно дека доколку се активни и ги користат можностите креирани со овие политики ќе се отвораат и нови работни места и на нивото на својата општина. Онаму каде што може Владата да помогне, додаде тој, владата ќе ја даде потребната логистичка поддршка.

-Вкупно 77 локации се ќе продадени на потенцијали инвеститори, околу 10-на објекти се градат во моментов  а до крајот на следната година треба да почнат со градна уште 30-на. Така што општина Петровец станува една индустриска општина која ќе има голем број на работни места  и развојот ќе продолжи понатаму, рече Пешевски.

Сигурен сум, додаде Пешевски дека за неколку години на ова место ќе бидеме сведоци на нови производствени погони и на неколку илјади нови работи места.

Градоначалникот на општина Петровец појасни дека останата е уште една парцела а за неа веќе има заинтересирани како и дека интересот за влез на други инвеститори е огромен.

-Ние како централна власт го смисливме концептот на индустриски зони го исфрсиравме тоа во соработка со градоначалниците , направивме мерки со кои се даде на управување градежното земјиште и можноста да ги урбанизираат земјоделските земјишта. Се даде можноста на акциите да се врши продажба на земјиштето по едно евра на метар квадратен. Се намалија за 95% надоместоците за комунално уредување со што се намалуваат трошоците за градба. Драматично се забрзаа постапките за давање на дозвола за градба што прави голема заштеда за инвеститорите. Се модернизираа и голем број на процеси во самиот катастар . сите оние процеси кои што значат креирање на ефикасен систем од страна на централната власт беа креирани, секако заедно со другите мерки за стимулирање и отворање на нови работи места. Кога сето ќе го соедините со способен градоначалник и способна локална власт резултатите постепено сами си доаѓаат, појасни Пшевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top