Во Италија уапсен е триесет и седум годишен Албанец под обвинение за меѓународна трговија со дрога.
Италијанската полиција го смета за еден од најголемите шверцери на дрога кои делуваат во северниот дел на Италија, поврзан со меѓународна криминална нарко група.
Според италијанската полиција, на која се повикува онлајн изданието на тиранскиот весник „Шекули“, во гаража, која ја користел тој, откриени и запленети се 28 килограми марихуана, килограм кокаин,47 мобилни телегони и 25 илјади евра.
Исто така полицијата пронашла и шест автомобили кои биле користени за транспорт на дрогата, како и материјали за пакување во дози на дрогата.
Уапсениот Артур Петуши живеел во Филафранка, провинција Верона, и од страна на полицијата бил следен повеќе од една година. Повеќепати полицијата издала налог за негово апсење, но секогаш успевал да и побегне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.