| четврток, 6 декември 2018 |

По барањата на граѓаните: Огласи за доктори и за наставник за населените места во Македонски Брод

Државните институции продолжуваат со практиката на решавање на проблемите на граѓаните.

brod-3_thumb_medium500_319

По големиот број решени проблеми што граѓаните ги истакнуваат на редовните средби што премиерот ги има при неговите посети во општините и населените места, владините институции излегоа во пресрет и на барањата на граѓаните од општина Македонски Брод, овој пат од областа на образованието и на здравството.

На средбите, жителите од селото Косово од Македонски Брод, во кое од година во година има сè поголем број  ученици, во вторникот побараа наставник што ќе може да одржува настава.

Училиштето „Свети Климент Охридски“ за првпат по 25 години се реконструираше.

Spiro-Ristovski-int120-740x320-top

Заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски истакна дека ова барање на жителите е исполнето. Изнајдено е решение и ќе се обезбеди наставник во населеното место.

-При самата посета на претседателот на Владата му беше изнесено барање со кое беше побарано еден одделенски наставник да се обезбеди за нормално и непречено одвивање на наставата. Врз основа на барањето, утрово МОН со целосна поддршка на министерот за финансии Зоран Ставрески поднесе барање на кое е позитивно одговорено и учениците од село Косово во Македонски Брод ќе добијат реализација на уште еден од проблемите. Ние како Влада ќе продолжиме и понатака да ги решаваме овие проблеми од локален карактер кои се од исклучително значење за граѓаните, а секако и за најмладите кои ќе добијат наставник што ќе го надградува нивното образование – истакна Ристовски.

Покрај решавањето на проблемот со наставник, денес се излезе во пресрет и на барањата на жителите од населените места Манастирец и Локвица, но и на останати 20 населени места од Македонски Брод.

Таму премиерот Никола Груевски ги ислуша проблемите на жителите, за кои брзо потоа се изнајде решение.

Во согласност со ветеното, денес Министерството за здравство објави оглас за изразување на интерес за ангажирање на матични доктори по општа медицина во овие две населени места.

Покрај за овие две населени места од општина Македонски Брод, Министерството за здравство објави ист таков оглас и за населеното место Герман во општина Ранковце.

vesnik-oglass

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top