Во време кога е донесен неуставниот закон за јазиците и се преговара за промена на името, Владата на СДСМ не запира со вдомувањето на партиските кадри во државните и јавните институции. Речиси и да не постои инстуција каде не е распишан оглас за вработување. Изговорот е поради зголем обем на работа. Додека беа опозиција речиси 11 години секојдневно се жалеа дека има превработеност на државната и јавната администрација а сега за помалку од месец распишано е вработување за речиси 550 партиски кадри што треба да се сместат во државни јасли.
Еден таков пример е новиот оглас на Службата за општи и заеднички работи ( СОЗР ) каде се бараат 26 нови вработувања поради привремено зголемен обем на работа во Владата на Република Македонија. Исто таков оглас со речиси идентичен број на побарани вработувања е распишан и од страна на Министерството за правда- Управата за водење на матични книги. Овде се бараат 25 нови вработувања.
СОЗР исто така отвори и нови 8 работни места на претходен оглас и исто како и претходниот се бараат најразлични видови на професии. Но рекордот сепак го држи Македонски шуми со дури 325 вработувања. Иако додека беа опозиција најгласни беа дека ова претпријатие има голема превработеност сепак тоа ништо не ги спречи да го распишат овој мегаломански оглас.
И јавното обвинителство не остана имуно на овој тренд на вработување. И таму беше распишан оглас за вработување на 32 работни места.
Еден од огласите што крена прашина се отворањето на 93 работни места. Имено новото раководство на Јавното претпријатие за патишта не им ги продолжи веќе посстоечките договори на веќе вработените лица но затоа распиша нов оглас за вдомување на нови партиски кадрии и тоа под изговор дека патарините ќе останале без работници.
Нови вработувања имаше и во Македонската информативна Агенција и тоа 3 работни места, Клиничката болница во Битола 7 работни места, Водостопанство на Република Македонија 8 ново отворени места, Во Владата на Република Македонија, како и во Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од 7 нови работни места.
Симптоматично е што веднаш по превземањето на власта новите градоначалници на СДСМ почнаа со вистински егзодус во општинските претпријатија и училишта. Само Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје во ЈСП отпушти 250 луѓе. Градоначалникот на Карпош отпушти 150 лица дел од општина Карпош а дел од училиштата се со цел вработување на оние кадри на кои им било ветено вработување. Дури и синдикатите реагираа на ваквата појава па прашаа како е можно на средина на учебната година да се отпуштаат искусни наставници а на нивно место да се донесат нови со никакво искуство.
Сликата на распишани конкурси речиси е иста и низ целата територија на Македонија. Секоја општина распишала оглас за вработувања. Такви на пример се општините: Македонска Каменица, Василево, Свети Николе, Чешиново – Облешево, Кратово, Пехчево, Босилово, Виница, Кочани, Босилово, Пробиштип, Кривогаштани, Могила, и Куманово, Јегуновце, Ресен, Петровец, Лозово, Пробиштип и многу други. Паралелно со вработувањето речиси сите општини под власт на СДСМ отпуштаат луѓе кои со години работеле на своите работни места без разлика дали се договор за привремено вработување или со решение за постојано вработување.
Ако се погледне новиот буџет ќе може да се забележи дека средствата за привремени вработувања се рапидно зголемени. Од предвидените 832 илјади евра Владата на СДСМ оваа сума ја има зголемено на 1 милион и 81 илјади евра. Иако додека беа во опозиција СДСМ и нивните партиски невладини организации постојано апелираа дека ова се партиски вработувања сега тие го спроведуваат со зголемено темпо и со правдање дека институциите имаат зголемен обем на работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.