Поранешниот сопруг на Џенифер Лопез, Охани Ноа ќе го објави порнофилмот снимен за време на нивниот меден месец. Околу видеото се води судски спор веќе шест години, но сега деловен партнер на Ноа, Ед Мајер, тврди дека кубанскиот актер пронашол дупка во законот, која ќе им овозможи да го објават видеото.
Оригиналната снимка по наредба на судот сега се наоѓа во трезор, но секој момент може да биде објавена во јавност, пишуваа американските медиуми.
– Станува збор за повеќе видеа, во кои таа е гола и во сексуални ситуации. Главната снимка настанала на медениот месец и нема личност што нема да остане вчудовидена – вели Мајер.
Тој е решен да му го покаже на светот нејзиното вистинско лице.
Џенифер и Охани се венчаа во февруари 1997 година, а се разведоа по само 11 месеци брак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.