| четврток, 6 декември 2018 |

Мед за слабеење и мед за пушачи – хит на македонските медари(видео)

med-15

Минувачите на улицата Македонија вчера и денеска имаат можност да дегустираат мед, матичен млеч, полен, прополис, пчелин отров и восок и да ги купат по пониски од цени од вообичаените што можат да се најдат по продавниците.

На фестивалот „Денови на македонскиот мед 2015“ можат да се најдат пчелни производи од 30 домашни производители, а се организира по 11. пат под покровителство на Министерството за земјоделство и организација на пчеларската задруга „Матица Скопје“.

med-11

Најинтересни за минувачите беа медот за пушачи и медот за слабеење. Иако, производителите не сакаат да откријат во што е тајната на состојките во наменските тегли, тврдеа дека се многу ефикасни, првиот за прочистување на дишните органи, вториот за намалување на телесната тежина.

med-6

Производителите на мед велат дека климатските промени секоја година го намалуваат производството на овој нектар на боговите, но дека сè уште може да се живее од производство на мед. Според нив, цената на една тегла мед е ниска, но е приспособена на можностите на купувачите.

– Во Македонија медот се продава по најниска цена ако се земе предвид дека во соседните земји Албанија, Црна Гора, Србија, килограм достигнува најмалку 10 евра- велат медарите.

Производителите ја поздравуваат поддршката од државата ,која изнесува 600 денари за пчелно семејство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top