| четврток, 6 декември 2018 |

Најлошите диети за овој период од годината

Ако решите да ја сочувате тежината или да ослабнете во текот на сезоната есен/зима, внимавајте при изборот на диетата и избегнувајте ги следниве три диети, кои се сметаат за најлоши за овој период.

 

Протеинска диета – Целосното отстранување на јагленохидратите од дневното мени и концентрирање само на внесување протеини (месо, јајца, риба, зеленчук) ќе донесе до брзо губење на килограмите, но и до пад на имунитетот па ќе бидете повеќе подложни на вируси и на грип. Оваа успешна, но крајно нездрава диета, особено не се препорачува за постудените денови.

Диета со течна храна – Диетите базирани на сокови од зеленчук и од овошје се здрави, но тие се пролетни и летни диети. Наесен, и покрај што изобилуваат со витамини, организмот ни бара поразновидна храна. Затоа не се вистински избор.

Диета со јајца –Диетите што се базираат на јајца, дури и по 10 дневно, како што е Мајо диетата, и покрај успешните резултати, не се здрави. Не само во постудените денови, ваквите диети подобро да не ги практикувате ни на пролет.

Извор: Убавина и здравје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top