| четврток, 6 декември 2018 |

Саудиски принц силувал вработена, го ослободиле со кауција од 300.000 долари

Саудиски принц беше уапсен под обвинение за сексуално насилство врз вработена во послугата на неговиот имот во Беверли Хилс, соопшти полицијата во Лос Анџелес.

SAUDISKIPRINCC

Маџид Абдулазиз ал Суад (28) беше уапсен во средата и пуштен на слобода, откако платил кауција од 300 илјади долари.

Весникот „Лос Анџелес тајмс“ пишува дека полицијата упаднала на огромниот имот на принцот, вреден 37 милиони долари, откако сосед забележал жена облеана во крв, која барала помош, додека се обидувала да се искачи по ѕидот околу имотот.

Принцот пред судот треба да се јави на 19 октомври.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top