| четврток, 6 декември 2018 |

„Дримворкс“ ќе снима филм за педофилијата во Католичката црква

Американското филмско студио „Дримворкс“ (DreamWorks) и продуцентската куќа „Партисипант медија“ (Participant Media) ги откупиле правата за снимање на филм за активностите околу прикривањето на случаите на сексуално малтретирање во рамките на Римокатоличката црква.

Тие планираат да ја адаптираат приказната која весникот Бостон глоуб ја објавил на своите страници, а која зборува за тоа како бостонски надбискуп со години ги заташкувал случаите на педофилија кај свештениците, што во 2002 година доведе до оставка на кардиналот Бернард Лу. За својата истражувачка работа весникот во 2003 ја освои Пулицеровата награда.

Пишувањето на сценариото ќе му биде доделено на Том Мекарти, признатиот сценарист и режисер на „Посетителот“ (The Visitor) и „Агентот од станицата“ (The Station Agent).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top