| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинителството одобри повторување на постапката за Хаџиски

Надлежното Основно јавно обивнителство на 22.9.2015 година се согласи со барањето за повторување на постапката доставено од страна на обвинетиот Миле Хаџиски за убиство на Мери Јошевска од пред две децении.

hadziski

 

Како што стои во соопштението, обвинителот што постапува во предметот се согласил со предлогот за повторување на постапката, ценејќи дека се исполнети законските основи и дека обвинетиот има право на судење во негово присуство.

Инаку, барањето за повторување на постапката Хаџиски го доставил во надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје, од каде што на ден 21.9.2015 година е доставено барање за мислење во надлежното Основно јавно обвинителство Скопје. ­

– Воедно, сметајќи дека има основа да се верува дека обвинетиот ќе побегне, обвинителството предложи до судот определување мерка притвор. Од страна на судот предлогот беше прифатен, па со решение е определен притвор на обвинетиот во времетраење од 30 дена – се наведува во соопштението од ЈО.

Миле Хаџиски беше есктрадиран во Македонија пред еден месец од Франција, каде што беше уапсен како припадник на бандата „Пинк Пантер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top