| четврток, 6 декември 2018 |

Румениге дециден: Нема пара за која ќе го пуштам Милер да си оди

Претседателот на Баерн Минхен Карл-Хајнц Румениге истакна дека главната карика во тимот, Томас Милер нема да го напушти баварскиот состав. Иако во последните неколку месеци, а посебно во летниот преоден рок за Милер беа заинтересирани неколку фудбалски гиганти од Европа, а Манчестер Јунајтед дури и испрати официјална понуда сепак напаѓачот остана на „Алијанц Арена“ изјавувајќи дека неговото срце е во Минхен.
Румениге со последната изјава јасно стави до знаење дека не постои сума која ќе ја разгледа и ќе ја прифати за да се раздели од германскиот репрезентативец.

– Милер ќе остане во Минхен, без разлика на понудите што ќе стигнат на наша адреса. Едноставно не постои сума која ќе не натера да започнеме преговори со некој клуб. Тој му „припаѓа“ на Баерн Минхен, исто како што Меси и „припаѓа“ на Барселона, Руни на Манчестер јунајтед – изјави Румениге.

Милер скоро целата своја кариера ја помина во Баерн, а член на првиот тим е од 2008 година. Тој досега одигра вкупно 312 натпревари во сите конкуренции, и 129 пати се запиша во листата на стрелците. За националната селекција на Германија настапува од 2010 година, и одигра 65 натпревари и постигна 30 погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top