| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Титулата цар не ми одговара

путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека американците не би требало да размислуваат за него како за автократски цар. Тој ова го рече во интервју за „Си Би Ес њуз“ пред неговото заминување за Њујорк на годинашната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. Запрашан на што најмногу им се восхитува на Соединетите држави, Путин одговори дека тоа е „креативноста“.

-Нивната отвореност која им дозволува да го ослободат внатрешниот потенцијал на нивниот народ. И благодарение на тоа, Америка има такви прекрасни резултати во напредокот на земјата- рече Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top