Жените ја слушаат висината на гласот на потенцијалниот партнер за да ги проценат неговите генетски квалитети, како и неговите особини и однесување. Тестирањата спроведени врз 44 жени откриле дека гласот е првиот сигнал кој жените го добиваат од мажите.
Откако ќе го слушнат, служејќи се со своето сеќавање несвесно ја споредуваат висината на гласот на мажот со другите гласови. Така го проценуваат неговото однесување во минатото, како и особините кои ги сметаат за важни кај партнерот, како што се верноста, амбициозноста и чесноста.
Освен тоа што висината на гласот влијае на изборот на партнер, научниците докажале дека жените подобро памтат информации ако се изговорени од човек со длабок глас. Колку е повисок гласот на мажот, толку тој ќе биде доживеан како помалку мажествен, а тоа особено се истакнува за време на овулацијата. Длабокиот глас тогаш симболизира сила и доминантни мажествени гени кои ќе бидат пренесени на своите потомци.
Поранешни истражувања покажале дека мажите кои имаат подлабок глас имаат повеќе потомци отколку оние со повисок и потенок глас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.