| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се најпопуларните држави за иселениците

син
Сингапур е еден од најскапите градови во светот, но за иселениците претставува едно од најпопуларните места за живеење и работa, стои во годишниот извештај на ХСБЦ(HSBC).

Експертите го рангираа Сингапур како најдобра дестинација во светот, пред Нов Зеланд, Шведска, Германија, Австралија, Канада и Швајцарија. Сингапур нуди одлични можности за напредок во кариерата, има стабилна економија и добар животен стил, покажало истражувањето.

Во анкетата учествувале 21.950 луѓе од 39 земји. Околу 59 проценти од иселениците сметаат дека Сингапур е добро место за нивната кариера, додека 53 проценти сметаат дека ќе совладаат повеќе нови вештини во Сингапур отколку дома. Околу 65 проценти сметаат дека здравјето на нивните деца е подобрено откако се преселиле во Сингапур. Истото важи и за образованието на децата, иако е поскапо. Истражувањето покажало дека Сингапур е исто така одлична дестинација за почнување нов бизнис.

Ова се најдобрите земји за иселеници според истражувањето:

1. Сингапур

2. Нов Зеланд

3. Шведска

4. Бахреин

5. Германија

6. Канада

7. Австралија

8. Тајван

9. Обединети Арапски Емирати

10. Швајцарија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top