| четврток, 6 декември 2018 |

Сингапур е најскапиот град во светот

Четврта година по ред Сингапур е прогласен за најскап град според

Во извештајот на EIU за трошоци за живот во 2017 година, азиските градови заземаат пет од првите шест места на листата, што се должи на подобрената состојба на јапонскиот јен.

Освен првопласираниот Сингапур, тука е и второпласираниот Хонк Конг, па Токио, Осака и Сеул на четвртото, петтото и шестото место. Помеѓу нив, на третото место, е најскапиот европски град, Цирих, а на седмото место е уште еден швајцарски град, Женева.

Париз се наоѓа на осмото место и е најскапиот град од еврозоната, зад него е Њујорк, кој е единствениот американски претставник, а првите десет ги заокружува Копенхаген.

EIU оваа листа ја објавува на секои шест месеци, а за да ја направат листата тие споредуваат цени на 160 различни производи, како што се храна, станување, недвижнини и превоз.

Според листата, животот е најевтин во Алмати во Казахстан, па потоа во Лагос, Бангалор, Карачи и Алжир.

полугодишното истражување кое го спроведува Economic Intelligence Unit (EIU).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top