Слабото здравје и староста не го спречија холивудскиот ветеран да присуствува на финалето на тенискиот турнир ОП на САД. Легендарниот Џин Вајлдер (82) одамна не се појавил во јавност, па многумина останаа изненадени кога го видоа.
Актерот, кој од 1999 година се бори со ракот, е видно ослабен, остарен и тешко се движи, но сè уште ги има препознатливата насмевка, ведриот дух и бушавата фризура.
Вајлдер беше еден од најпознатите актери во седумдесеттите и во осумдесеттите години на минатиот век. Ќе остане запаметен по улогите во „Вили Вонка и фабриката за чоколада“, „Не гледам ништо, не слушам ништо“, „Младиот Франкенштајн“…
Последен пат се појави како гостин во една од епизодите на серијата „Вил и Грејс“ во 2003 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.