Петанесетина посетители на концертот на Цеца на штипската Пастрмалијада во неделата завршиле со набиеници и со гребаници. Двајца од нив завршиле на ортопедија во Клиничката болница во Штип, пренесува „Канал77“.
Во првиот половина час кога почнал концерот на Цеца, пукнале две бетонски плочи со кои е покриен широкиот канал за канализација што води во реката. Плочите се наоѓаат веднаш до големиот штанд лоциран до бината и биле првото слободно место од каде што можело да се гледа програмата на сцената.
Веројатно плочите попуштиле од тежината на публиката. Каналот и денес стои отворен, со дупка од еден и пол метар, додека плочите се преполовени по средина. Веднаш по инцидентот интервенирале екипи на Итната медицинска помош. Докторката Сања Накова им укажала помош на неколку од настраданите.
– Беа повредени 10-15 лица, на кои им помогнавме, од кои тројца беа однесени со возилото на Итна медицинска помош в болница, каде што беа хоспитализирани. Има со набиеница на скочен зглоб и со многу гребаници по цело тело, а во Итната медицинска помош помош побараа уште две лица со иста симптоматологија – изјави доктор Накова.
Повеќе на „Канал77“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.