Седум лица се повредени вечерва во сообраќајната незгода што се случила на кружниот тек кај местото Црн мост во Битола.
Повредените со возила на Итната медицинска помош се пренесени на битолската клиника, каде им е укажана лекарска помош и според информациите од битолската полиција никој од нив не е во животна опасност, пренесува „Тера“.
Од полицијата велат дека незгодата се случила околу 20 часот, кога и биле информирани од Итната медицинска помош.
Увидот се уште е во тек, по што ќе бидат познати повеќе детали.
Фото: Тера
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.