| четврток, 6 декември 2018 |

По 10 години Путин ќе се обрати на Генералното собрание на ОН

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Барак Обама ќе се сретнат следниот понеделник во Њујорк на маргините на Генералната седница на Генералното собрание на ОН, потврди Кремљ и администрацијата на Обама.

Путин и Обама ќе разговараат за време на Генералното собрание на ОН, а според портпаролот на Кремљ Димитриј Песков, состанокот со Обама е усогласен и ќе биде одржан следниот понеделник.

Висок претставник од администрацијата на Обама изјави дека со оглед на ситуацијата во Украина, претседателот на САД смета дека би било неодговорно да не се проба, да се направи напредок преку ангажман на високо ниво со Русија, наспроти големите разлики меѓу двете држави.

– Претседателот Обама ќе го искористи состанокот да разговара за ситуацијата околу Украина и ќе биде насочен кон тоа Москва да ги исполни своите обврски кон Договорот од Минск. Тоа ќе биде главна порака на билатералниот состанок, изјави тој.

Договорено е Путин годинава да се обрати на Генералното собрание на ОН прв пат по 10 години.

Генералната седница во која ќе учествуваат лидери на земјите членки ќе се одржи од 28 септември до 3 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top