Изборот на омиленото овошје многу зборува за вашиот карактер. Оваа теорија стара повеќе од 2.000 години, за прв пат се појавила во стара Јапонија. Начинот на кој ги третираме луѓето, облеката што ја избираме, начинот на кој се однесуваме и разговараме со луѓето, семејството и пријателите, па дури и какви сме кога сме налутени и спремни за кавга – сето тоа можеме да го дознаеме од нашето омилено овошје.
Научниците тврдат дека омиленото овошје е сигурен показател за типот на личноста и дека поради него често сонуваме. Овошјето има одредена симболика, припишувани му се магични својства, а одговорот на прашањето каква личност сте ќе ви го даде токму вашето омилено овошје.
1. Јаболко
Јаболката ги обожаваат веселите и ведри личности кои не сакаат ризици и секогаш играат на сигурно. Овие личности се фер играчи, никогаш нема да подметнат некоја измама и ќе ги избегнат кавгите, конфликтите и озборувањата. Тие се премногу срдечни индивидуи, секогаш спремни да излезат во пресрет и да помогнат на секого. На нив можете да се потпрете во секој момент. Луѓето често ги гледаат како лековерни и наивни, па затоа многупати се жртви на измамување. Во љубовта имаат реални очекувања, не живеат во облаци и никогаш нема поради љубов да си ја „загубат“ главата.
2. Портокал
Портокалот е омилено овошје на силните личности, но овие индивидуи се често недостапни, затворени и тешки за придобивање. Потребно е многу време и труд за тие да се отворат, да ви ја укажат нивната доверба и да ве прифатат за пријател. Исто така се склони кон ненадејни промени на расположението, лесно и брзо се лутат и често изговараат грди зборови за кои подоцна се каат. Љубителите на портокалот имаат исклучителен сексуален набој, но не се склони кон долги врски.
3. Јагода
Забавните, срдечни и гостопримливи луѓе обожаваат јагоди. Тие се радуваат на ситници и сакаат да си угодуваат на себе, но и на своите најблиски. Овие луѓе ги боли неправдата, многу се праведни и ќе застанат во нечија одбрана без разлика на последиците. Иако се со отворен дух, кога ќе ги повредите или навредите тешко простуваат. Во љубовта се отворени, не поднесуваат лаги и изневерувања.
4. Банана
Бананата упатува на благи и меки личности, иако тие карактеристики не би им се доделиле на прв поглед. Луѓето кои сакаат банани се сентиментални, осетливи на критика и емотивни. Нив ги карактеризира и непостојаноста и ненадејните промени на одлуките во последен момент. Често се каат поради своите постапки и многу им е грижа за впечатокот кој го оставаат на околината. Во љубовта се потполно посветени, сите нивни врски се фатални, но често се многу посесивни.
5. Грозје
Грозјето го обожаваат дружељубиви личности кои се вистински тимски играчи. Тие исто така се одлични организатори, родени лидери и во нив соработниците секогаш може да имаат доверба. Добри се во чувањето тајни, многу се амбициозни, но и културни личности. Тие се фини, суптилни и грижливи луѓе. Честопати може да претераат со својата строгост и критика, но не се злонамерни, бидејќи тоа го прават за да им помогнат на останатите и да ги поттикнат да бидат подобри. Тие љубат до крајни граници, склони се на партнерот да му простат сè, па дури и предавство и изневерување.
6. Вишна
Вишната открива разумна, несекојдневна личност со истанчен вкус и непредвидлив карактер. Вишната ја сакаат специфични луѓе кои никогаш не личат на останатите. Тие не сакат ништо што е обично. Сепак, склони се да ги одложуваат обврските, а во љубовта се недостижни.
7. Кајсија
Љубителите на кајсијата се шармантни, заводливи и сакаат луксуз и скапи работи. Постојано се во брзање и многу ја ценат работата, трудот и залагањето. Тие се пријателски настроени, а уживаат во излегувања и журки. Тие се идеални партнери за долга врска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.