| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија веќе вратила 5.000 eмигранти во други земји од ЕУ

бегалци

-Виена врати 5.000 eмигранти во земји од Европската унија, низ кои тие минале на пат за Австрија- изјави австрискиот Министер за внатрешни работи Јохана Микел-Лајтнер.

Пред три недели Австрија и Германија priвремено ги ослободија луѓето, што бегаат од војната во Сирија, од барањето на ЕУ бегалците да поднесат барање за азил во првата земја од Европската унија, во која ќе влезат. Таа одлука ги налути соседните земји како Унгарија, кои изјавија дека таквиот чекор ќе предизвика уште поголем бран бегалци да тргнат кон Европа.

-Колку што се сеќавам вративме над 5.000 или 5.500 лица од Австрија, главно во Бугарија и Романија, но и во други земји – изјави пред новинарите Микел-Лајтнер на средба на Социјал-христијанската унија во Германија.

-Со цел да функционира системот за азил, е неопходна ефективна политика за враќање на eмигрантите и затоа нѐ чека многу работа во таа област, особено во однос на северно-африканските држави- истакна министерката.

Микел-Лајтнер нагласи дека речиси и да нема поднесени барања за азил во сигурни земји како Хрватска или Словенија, што значи дека eмигрантите што минале низ нив повеќе не бараат безбедност, туку сакаат да изберат земја во најдобра економска состојба.

– Ако бегалците идат во Австрија од Словенија и Хрватска, за да бараат азил во Австрија, ние ќе ги вратиме во Словенија и vo Хрватска – истакна австриската министерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top