| четврток, 6 декември 2018 |

Како да препознаете нетолеранција на глутен

Интолеранцијата на глутен погаѓа сè повеќе луѓе, а се нарекува целијаклија. Главниот проблем е што дури 90 проценти  од луѓето што ја имаат, всушност не знаат за неа.

Еве неколку симптоми кои би требало да ве натераат да посетите доктор:

-Ако чувствувате вртоглавици, замор, и безволност без посебна причина, но може да ја поврзете со оброкот во кој имало намирници богати со глутен.
-Груба кожа на задната страна од надлактицата, најчесто предизвикано од недостиг на витамин А и на фолна киселина, што се случува поради лошо разградување на маснотии и оштетени црева.
-Хормонален дисбаланс како значителни симптоми на ПМС, проблем со полицистични јајници или необјаснива неплодност.
-Проблеми со варењето на храната како надуеност, гасови, дијареа или констипација, кои обично ги добиваат децата.
-Воспаление, отеченост и болки во зглобовите, особено во прстите, колената и колковите.
-Многу силни главоболки и зачестени мигрени.

извор:metro-portal.hr

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top