| четврток, 6 декември 2018 |

Колку „бонбони“ има Македониjа?

Ма­ке­дон­ска­та по­ли­тич­ка исто­ри­ја има не­кол­ку „слав­ни“ из­ја­ви што ве­ќе, си­гур­но, се дел од фолк­ло­рот. Би­деј­ќи сѐ што е по­вр­за­но со 15 сеп­тем­ври „осо­бе­но“ се наг­ла­су­ва, се­ко­ја де­лов­на здел­ка на ште­та на гра­ѓа­ни­те се на­ре­ку­ва „бон­бо­на-биз­нис“. Афе­ра­та „Те­ле­ком“, по об­ја­ве­но­то све­до­че­ње на Сло­бо­дан Бо­го­ев­ски, пак ги отво­ра пра­ша­ња­та кол­ку ва­кви „бон­бо­на-биз­нис“ се слу­чу­ва­ле на ште­та на гра­ѓа­ни­те и да­ли Јав­но­то об­ви­ни­телс­тво ќе мо­же да ги рас­чи­сти ста­ри­те сме­тки и да ги вра­ти кра­ци­те на „окто­по­дот“ од 90-ти­те ка­де што им е ме­сто­то - во исто­ри­ја­та

Тоа што све­до­че­ње­то на Сло­бо­дан Бо­го­ев­ски, чо­ве­кот со лу­кра­тив­на (про­фи­та­бил­на) би­о­гра­фи­ја, ка­ко што са­ми­от ја опи­шу­ва, пред њу­јор­шки­от суд, до­ве­де да се отво­ри при­каз­на­та за Те­ле­ком во ма­ке­дон­ско­то Јав­но об­ви­ни­телс­тво по слуш­нат глас, да­ва на­деж де­ка по­ле­ка ќе се од­мо­та клоп­че­то за мно­гу­те та­ка­на­ре­че­ни „бон­бо­на-биз­нис“, кои ги при­ти­ска­ат гра­ѓа­ни­те, а кои на нив­на ште­та им се на­мет­на­ти од по­зи­ци­ја на моќ.

Во про­це­сот про­тив трој­ца по­ра­неш­ни ди­ре­кто­ри на „Ма­ѓар те­ле­ком“, кој го отво­ри аме­ри­кан­ска­та Ко­ми­си­ја за хар­тии од вред­ност по­ра­ди ко­руп­тив­ни деј­но­сти во странс­тво, Бо­го­ев­ски по­со­чу­ва ими­ња на по­ра­неш­ни и на акту­ел­ни функ­ци­о­не­ри, кои би­ле вме­ша­ни во по­ли­тич­ка биз­нис-здел­ка за да спре­чат на ма­ке­дон­ски­от па­зар да вле­зе кон­ку­рент­ска фир­ма. На­ве­де­ни се ми­ли­он­ски су­ми евра за обез­бе­ду­ва­ње глав­на уло­га на ма­ке­дон­ски­от па­зар, со што ком­па­ни­ја­та би се здо­би­ва­ла со про­фит на ште­та на гра­ѓа­ни­те.

Но, не се са­мо све­до­че­ња­та на по­ра­неш­ни­от раз­уз­на­вач. Исто­то дејс­тво, но и исти­те акте­ри, се по­вто­ру­ва­ат и во пре­срет­на­ти­те до­пи­си во ком­па­ни­ја­та на то­гаш­ни­от ди­ре­ктор Ати­ла Сен­дреј, кој го опи­шу­ва и на­чи­нот на кој ќе се спре­чи по­чи­ту­ва­ње­то на европ­ски­те нор­ми за кон­ку­рент­ност на па­за­рот – во слу­ча­јот, трет те­ле­ко­му­ни­ка­ци­ски опе­ра­тор. Ме­ѓу на­ве­де­ни­те се и то­гаш­ни­те пре­ми­ер и ви­це­пре­ми­ер Вла­до Буч­ков­ски и Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска, Ан­дреј Жер­нов­ски, Ри­сто Пе­нов, по­ра­неш­ни вли­ја­тел­ни пра­те­ни­ци во кон­крет­ни со­бра­ни­ски ко­ми­сии, чел­ни­ци од то­гаш­ни­те ко­а­ли­ци­ски парт­не­ри ДУИ, ка­ко Али Ах­ме­ти и Му­са Џа­фе­ри, и ред дру­ги по­поз­на­ти и по­не­поз­на­ти ими­ња за јав­но­ста.

Све­до­че­ње­то на Бо­го­ев­ски, ка­ко и до­ку­мен­ти­те што ги об­ја­ви ин­тер­нет-пор­та­лот „Ре­пуб­ли­ка“, се­га се цел на Јав­но­то об­ви­ни­телс­тво. Тоа, пак, што се оче­ку­ва од отво­ра­ње­то на пред­ме­тот е да да­де од­го­во­ри за спре­га­та на мо­ќта ме­ѓу по­ли­ти­ка­та и биз­ни­сот во Ма­ке­до­ни­ја.

 

Бон­бо­на-бизнис

Афе­ра­та „Те­ле­ком“ се рас­чи­сту­ва во Њу­јорк би­деј­ќи во вре­ме­то за ко­га се ве­ли де­ка се слу­чу­вал по­тку­пот, ун­гар­ска­та ком­па­ни­ја ко­ти­ра­ла на Њу­јор­шка­та бер­за и за­тоа под­ле­жи на аме­ри­кан­ски­от за­кон. Спо­ме­на­ти­те ими­ња од не­ко­гаш­ни­от пар­ти­ски врв на СДСМ, пак, до­ма се поз­на­ти и по дру­ги до­ка­жа­ни и не­до­ка­жа­ни здел­ки.

Слу­ча­јот „Те­ле­ком“ и име­то Сен­дреј не се не­поз­на­ти за јав­но­ста, по­точ­но, за прав­на­та фе­ла во Ма­ке­до­ни­ја. Исто ка­ко и за дру­ги слич­ни слу­чаи што би­ле отво­ра­ни за ко­руп­ци­ја во ко­ја се вме­ша­ни ви­со­ки по­ли­тич­ки лич­но­сти, се збо­ру­ва­ло за нив, но нај­че­сто за­вр­шу­ва­ле без ре­зул­тат. Ако на афе­ра­та „Те­ле­ком“ се на­до­вр­зат афе­ри­те „Мај­кро­софт“, „Гло­бал“, „Ба­чи­ло“, „Ар­ми­ски де­ло­ви“, ка­ко и ред дру­ги по­го­ле­ми или по­ма­ли, се по­ста­ву­ва пра­ша­ње­то кол­ку Ма­ке­до­ни­ја по­се­ду­ва(ла) мож­но­сти за „бон­бо­на-биз­нис“.

Тер­ми­нот „бон­бо­на-биз­нис“ вле­зе во ма­ке­дон­ски­от фолк­лор ка­ко си­но­ним за про­да­ва­ње­то на ма­ке­дон­ско­то еле­ктро­сто­панс­тво, но и за се­кој друг биз­нис, кој, во спре­га со по­ли­тич­ка­та моќ, за­вр­шу­ва на ште­та на гра­ѓа­ни­те. И по­крај го­ле­ми­те про­ти­ве­ња и од опо­зи­ци­ја­та и од на­ро­дот, со ар­гу­мен­ти де­ка тоа не­ма да ја по­до­бри сли­ка­та и са­мо ќе ја отеж­ни жи­ве­јач­ка­та на гра­ѓа­ни­те – про­даж­ба­та на еле­ктро­сто­панс­тво бе­ше прет­ста­ву­ва­на ка­ко го­лем ус­пех, од­нос­но „бон­бо­на-биз­нис“. За по­тсе­ту­ва­ње, за ЕСМ бе­ше об­ја­вен тен­дер кон кра­јот на 2005 го­ди­на, а по не­кол­ку ме­се­ци „ЕСМ – ди­стри­бу­ци­ја“ бе­ше про­да­де­на не­по­сред­но пред пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри.

И по­ра­неш­ни­от ди­ре­ктор на ЕСМ, Пан­де Ла­за­ров, фир­ма­та ја гле­дал ка­ко „бон­бо­на-биз­нис“. Тој ја зло­у­по­тре­бил по­зи­ци­ја­та за да за­ра­бо­ти до­пол­ни­тел­ни 340 ил­ја­ди евра про­ви­зи­ја при на­ба­вки на опре­ма за ХЕЦ „Коз­јак“ и за РЕК „Ос­ло­меј“. Од 1996 го­ди­на до 1998 го­ди­на му лег­ну­ва­ле па­ри на сме­тка во бан­ка во Ун­га­ри­ја. Во 2008 го­ди­на бе­ше осу­ден на пет го­ди­ни за­твор и му беа кон­фи­ску­ва­ни по­ло­ви­на ми­ли­он до­ла­ри. Тој се бра­не­ше де­ка се ра­бо­те­ло за нап­ла­та на кон­сул­тант­ски ус­лу­ги. Пре­су­да­та бе­ше по­твр­де­на и од апе­ла­ци­ски­от суд.

Ме­ѓу „бон­бо­ни­те“ е и до­го­во­рот со „Мај­кро­софт“ што во 2003 го­ди­на го пот­пи­ша вла­да­та на Вла­до Буч­ков­ски, чи­е­што име и ка­би­нет се по­со­чу­ва­ат пред су­дот во Њу­јорк во све­до­че­ња­та и во до­ка­зи­те про­тив трој­ца­та ди­ре­кто­ри на „Ма­ѓар те­ле­ком“. Пот­пи­сот на до­го­во­рот е на Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска, чи­е­што име, пак, во до­ку­мен­ти­те од Сен­дреј стои ка­ко од­го­вор­на за до­не­су­ва­ње­то на за­кон­ски­те ре­ше­ни­ја, кои, ка­ко што стои, се по „ме­ра“ на ун­гар­ска­та ком­па­ни­ја.

„Мај­кро­софт“ то­гаш со до­го­во­рот до­би око­лу 3,5 ми­ли­о­ни до­ла­ри, три­па­ти по­ве­ќе од по­треб­но­то, за што ре­а­ги­ра­ше и то­гаш­ни­от чу­вар на на­род­ни­от тре­зор, гу­вер­не­рот Пе­тар Го­шев. За по­тсе­ту­ва­ње, слу­ча­јот не до­би за­врш­ни­ца по­ра­ди ин­тер­вен­ци­ја на Бран­ко Цр­вен­ков­ски од по­зи­ци­ја на пре­тсе­да­тел на др­жа­ва­та.

Ка­ко слу­чај без ре­ше­ние, по­доц­на, во 2008 го­ди­на, оста­на и „Гло­бал“, во кој глав­на рол­ја има­ше стру­мич­ки­от гра­до­на­чал­ник Зо­ран За­ев, со че­тво­ри­ца со­ра­бот­ни­ци. По­ли­ти­ка­та нај­ди­рект­но се вме­ша во за­пи­ра­ње на овој слу­чај, отка­ко Цр­вен­ков­ски со од­лу­ка за або­ли­ци­ја го за­тво­ри слу­ча­јот.

Оваа ку­са ни­за – но са­мо по­ра­ди про­сто­рот во не­дел­ни­кот – е са­мо по­тсе­ту­ва­ње на „бон­бо­на-биз­ни­сот“, чи­и­што по­че­то­ци се вре­жа­ни во ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја од оса­мо­сто­ју­ва­ње­то и од сме­на­та на еко­ном­ски­от си­стем, ко­га се слу­чу­ва­ше при­ва­ти­за­ци­ја­та пре­ку обез­вред­ну­ва­ње на ком­па­ни­и­те и пре­зе­ма­ње од то­гаш­ни­те по­ли­тич­ки функ­ци­о­не­ри.

 

aktuelno159-2

Ќе отво­ри ли истра­га­та и дру­ги слу­чаи?

Во по­но­ви­от фолк­ло­рен реч­ник дла­бо­ко е вле­зе­на и ре­че­ни­ца­та „Не СДСМ, ту­ку ’све­ти’ СДСМ ако е ин­вол­ви­ран не­ма да би­де по­ште­ден“, ка­жа­на од Бран­ко Цр­вен­ков­ски во еден дра­ма­ти­чен го­вор во пар­ла­мен­тот во про­лет­та 1997 го­ди­на, во својс­тво на пре­ми­ер и ли­дер на то­гаш вла­де­јач­ки­от СДСМ. По­вод бе­ше афе­ра­та „ТАТ“, но и „окто­по­дот“, кој „пу­штил кра­ци на­се­ка­де во др­жа­ва­та“. Не­го­ва­та из­ја­ва ста­на си­но­ним за не­ус­пеш­на­та би­тка на со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те со ко­руп­ци­ја­та и со кри­ми­на­лот. А ка­ко што те­чат го­ди­ни­те, на ви­де­ли­на из­ле­гу­ва де­ка „окто­по­дот“ не мо­же да се бо­ри про­тив се­бе. Во тој кон­текст, не смее да се изо­ста­ват и акту­ел­ни­те слу­чаи за ко­руп­ци­ја и за ба­ра­ње ми­то од акту­ел­ни­от ли­дер на СДСМ.

Во 2005 го­ди­на, еден не­дел­ник во Ма­ке­до­ни­ја об­ја­ви фа­кси­ми­ли од швај­цар­ски бан­ки, кои по­ка­жу­ваа 12 ми­ли­о­ни аме­ри­кан­ски до­ла­ри на сме­тка на Цр­вен­ков­ски. Слу­ча­јот за­вр­ши на суд, но отка­ко по­ра­неш­ни­от пре­тсе­да­тел го ту­же­ше за кле­ве­та пр­ви­от чо­век на не­дел­ни­кот. Спо­рот го до­би, а фа­кси­ми­ли­те беа оце­не­ти ка­ко фал­си­фи­кат. Оваа афе­ра и де­нес е пред­мет на шпе­ку­ла­ции и на ко­мен­та­ри.

– Не поч­на оваа ра­бо­та во 2006 го­ди­на. Ту­ку во 1994 го­ди­на – по­со­чу­ва по­ра­неш­ни­от об­ви­ни­тел Со­тир Ко­стов, кој до­да­ва де­ка тоа што из­ле­гу­ва се­га на по­вр­ши­на не ја из­не­на­ду­ва јав­но­ста, тоа што ра­ко­водс­тво­то на Сен­дреј ра­бо­те­ло не­чес­но; до­де­ка со не­ка­кви спон­зорс­тва се гра­де­ше по­зи­ти­вен имиџ, под ма­са се жне­е­ле го­ле­ми па­ри. Тие би­ле тол­ку моќ­ни да си обез­бе­дат да не им вле­зе кон­ку­рен­ци­ја пре­ку под­мит­ли­ви­те по­ли­ти­ча­ри, ка­де што, всуш­ност, е и ос­но­ва­та на „бон­бо­на-биз­ни­сот“.

– Об­ви­ни­телс­тво­то тре­ба да по­ка­же хра­брост и да поч­не да ја рас­чи­сту­ва афе­ра­та, да по­ве­де по­стап­ка, ако е по­треб­но и про­тив Н.Н. на по­че­ток. А по­тоа, кон­крет­но, да се ви­ди кој зе­мал па­ри, кој да­вал па­ри, па и ка­де за­та­и­ла истра­га­та то­гаш, во тоа вре­ме – по­со­чу­ва Ко­стов кон­крет­но за слу­ча­јот „Те­ле­ком“. Тоа, пак, мо­же да до­ве­де и до по­че­ток на рас­вет­лу­ва­ње на но­ви афе­ри за кои се збо­ру­ва­ло во јав­но­ста.

– Ко­га се „чеп­ка“ ед­на не­чес­на ра­бо­та, ќе се нај­дат нај­мал­ку две-три ли­нии што ќе од­ве­дат во друг пра­вец и до дру­ги здел­ки, до дру­ги слу­чаи – об­јас­ну­ва по­ра­неш­ни­от об­ви­ни­тел.

Глав­на­та ра­бо­та е во истра­га­та, во пре­ткри­вич­на по­стап­ка, ин­ди­ци­и­те да по­ми­нат во ос­но­ви за сом­не­ва­ња, ос­но­ва­ни сом­не­ни­ја и то­гаш ќе се дој­де и до до­ка­зи­те, по­со­чу­ва­ат прав­ни­ци­те. Да се нај­де ка­де и ка­ко влег­ле па­ри­те. Друг пат се до­ку­мен­ти­те. Тоа што по­ми­ну­ва вре­ме­то не зна­чи де­ка е во ко­рист на под­мит­ли­ви­те. При­мер за тоа е ус­пеш­но­то спро­ве­ду­ва­ње на истра­га­та за пре­фр­ла­ње­то на па­ри­те на Ла­за­ров. На тоа мо­же да се до­да­де и про­ме­на­та на „пра­ви­ла­та на игра“ во Швај­ца­ри­ја од ка­де што се об­ја­ву­ва­ат ими­ња­та на ли­ца­та и на фир­ми­те што има­ат тај­ни бан­кар­ски сме­тки. По ин­фор­ма­ци­ја­та де­ка кај нив има­ат сме­тки и ма­ке­дон­ски др­жав­ја­ни, Јав­но­то об­ви­ни­телс­тво во мај отво­ри пред­мет по до­прен глас.

За­се­га дел од спо­ме­на­ти­те ими­ња во све­до­че­ње­то на Бо­го­ев­ски и во пи­шу­ва­ња­та на Сен­дреј пре­ку ме­ди­у­ми­те се огра­ди­ја од об­ви­ну­ва­ња­та, на­ре­ку­вај­ќи ги кле­ве­та. Но тоа не­ма да го трг­не впе­ре­ни­от прст на јав­но­ста кон нив. За­тоа на оваа истра­га, но и на тие до кои би мо­же­ла да до­ве­де, ка­ко што ве­ли Ко­стов, мо­же да се гле­да и ка­ко на пре­сврт­ни­ца, ко­ја, на кра­јот, би го сме­сти­ла мен­та­ли­те­тот на „окто­по­дот“ та­му ка­де му е ме­сто – во исто­ри­ја­та. Са­мо та­ка ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни ќе мо­жат да нај­дат уте­ха за на­не­се­ни­те не­прав­ди од ми­на­то­то, но и си­гур­ност де­ка не­ма по­втор­но да би­дат жр­тви на не­кој нов ва­ков „бон­бо­на-биз­нис“.

Пишува: Наум Стоилковски
(Текст објавен во 159. број на неделникот „Република“, 18.09.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top