Вчеравечер, 22.09.2015 година, се одржаа финалните натпревари на турнирот во мал фудбал во населеното место Љубанци, во организација на Фудбалски клуб „Љубанци – 1974“.
На турнирот годинава учествуваа 50 екипи од повеќе општини од Македонија. Екипата на „Андринико“ го освои првото место , на второто место се пласираше екипата на „Квин Дизајн“, а на третото екипата на „Гипсери“.
За најдобар играч на турнирот е прогласен Адријан Мицевски, за најдобар голман Филип Сиљановски, а за фер-плеј наградата ја доби екипата на „Вардар 75“.
На финалните натпревари на турнирот присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој ја додели и наградата за прво место.
Град Скопје го поддржува овој турнир со 60.000, денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.