| четврток, 6 декември 2018 |

Со годишна плата од 1,2 милиони евра Антиќ во топ-50 најплатени кошаркари во Евролигата

antic 1

Перо Антиќ ќе ја има речиси истата плата од 1,2 милиони евра по сезона во Фенербахче, како и во НБА екипата на Атланта хокс, а македонскиот интернационалец се најде во топ-50 најплатени кошаркари во Европа. Поточно во Евролигата на УЛЕБ и тоа на 32. позиција со идентични примања како и Џејмс Огустин од Химки и Арон Џексон од ЦСКА Москва.

Најплатен со 3,5 милиони евра по сезона е уште еден повратник од НБА лигата, Алексеј Швед кој ќе игра за Химки. По него се Руди Фернандес од Реал Мадрид со 2,8 милиони евра, Џоел Фриленд од ЦСКА Москва со 2,7, Васили Спанулис од Олимпијакос со 2,6 и на делба на петтото место српските кошаркари Милош Теодосиќ од ЦСКА Москва и Ненад Крстиќ од Ефес со 2,5 милиони евра.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top