| четврток, 6 декември 2018 |

Реформите во пензискиот систем на Грција ќе влијаат врз милиони вработени

грција

Пензиските реформи кои ги планира новата грчка Влада ќе влијаат врз околу три милиони вработени, како и на оние кои имаат многу големи пензии, јави дописникот на МИА од Атина.

Меѓу промените кои се детализираат, се и воведување на општи правила во пресметување на пензиите и придонесите, унифицирање на основните и дополнителните пензиски фондови, со што ќе се намалат најголемите пензии.

Меѓу промените се и изедначување на плаќањето придонеси за сите категории на вработени, како и ревидирање на плаќањата придонеси во пензискиот фонд на самовработени, со нивна споредба со пријавениот приход.

Со цел да го зголемат нивниот приход, идните пензионери ќе можат да се пријават и во професионални пензиски фондови и да обезбедат трета пензија со плаќање дополнителни придонеси.

Владата на премиерот Алексис Ципрас исто така размислува за воведување на шест до осум проценти посебен придонес на високи пензии, со цел да се покрие огромниот дефицит во пензискиот фонд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top