Овој годишен извештај ги анализира најновите трендови според кои компаниите ги лоцираат нивните нови бизниси во светот и како ги донесуваат тие одлуки. Извештајот е направен од „Плант локејшн интернешнл“, локалната стратегија и избор на локација со консултација на одделот за Глобални бизнис-услуги на ИБМ.
Според клучните поенти од годинашниот извештај, Македонија е прва според отворање на работни места според бројот на жители. САД и понатаму е најпосакуваната дестинација за инвестирање, со рекордна изведба од странски инвестиции во 2014 година, според бојот на отворени работни места. Ирска и понатаму привлекува вредни инвестиции, додека Лондон е лидер во привлекување на странски инвестиции.
Во клучниот ранкинг кој ги опфаќа категориите создавање на вкупни работни места, создавање на работни места според број на жители и просечна вредност на работните места, Македонија е рангирана на првото место заедно со САД и Ирска.
1. САД
1. Македонија
1. Ирска
2. Кина
2. Обединети Арапски Емирати
2. Швајцарија
3. Индија
3. Чешка
3. Шведска
4. Мексико
4. Ирска
4. Данска
5. Обединето Кралство
5. Костарика
5. Литванија
6. Бразил
6. Естонија
6. Холандија
7. Тајланд
7. Бахреин
7. Хонгконг
8. Виетнам
8. Унгарија
8. Финска
9. Индонезија
9. Латвија
9. Индија
10. Филипини
10. Србија
10. Германија
ИБМ е истражувачка бизнис-компанија што се фокусира на менаџерските и на економски прашања. Има канцеларии во Кина, Индија, Ирска, Јапонија, Холандија, Јужна Афика и САД. Публикува меѓу 35 и 50 студии и анализи секоја година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.