Македонскиот шоумен Игор Џамбазов, веќе видно заздравен по двете операции, ги користи деновиве да се види со сите свои пријатели во Скопје.
Вчера, во една скопска кафеана, друштво на Џамбаз му правеше и водителката Марјана Стојановска, која призна дека Игор е човекот што премногу го почитува и го сака. А, тој, пак, и онака отсекогаш бил слаб кон руокоси лото-девојки.
За уште подобра атмосфера, меѓу големото друштво беше и Васко Тодоров или како што вечно ќе го паметиме – Тошо Малерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.