| четврток, 6 декември 2018 |

Разрешена директорката на ОУ „11 Октомври“ во Скопје

­ Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски денеска донесе решение со кое ја разреши Даниела Костадинова од должноста директор на општинското основно училиште „11 Октомври“. ­

11 oktomvri

 

– Советот на општина Центар вчера расправаше за состојбата во училиштето и констатираше сериозни нарушување на санитарно–хигиенската состојба, со што е загрозено здравјето на учениците, информира општина Центар.

Градоначалникот, како што се наведува во соопштението, ја утврди личната одговорност на директорката Даниела Костадинова за нанесената штета по здравјето на учениците и го донесе решението за нејзино разрешување, согласно член 133, став 2, алинеја 3 од Законот за основно образование. ­

– Жерновски оцени дека директорката Костадинова, како одговорно лице за правилно и законито раководење на училиштето, ги занемарила своите законски обврски и должности и придонела за нарушување на санитарно­хигиенската состојба и загрозување на здравјето на учениците, се вели во соопштението од општина Центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top