Археолошкиот музеј на Македонија до 1 октомври се приклучи на европската манифестација „Европски денови на културното наследство“.
Манифестацијата е основана во септември 1991 година, на иницијатива на Советот на Европа и со поддршка од страна на Европската Унија.
Целта на манифестацијата е подигнување на свеста кај пошироката јавност за заедничкото европско наследство. Темата на годинашното одбелжување во Европа е „Индустриско и техничко наследство“.
Република Македонија која е вклучена во ова одбележување од 1996 година годинава заедно со триесет европски земји го слави наследството во сите негови видови, вклучително и материјалното и нематеријалното, движното и недвижното културно наследство.
Археолошкиот музеј оваа година на манифестацијата ќе учествува со изложбата „Накитот од Македонија низ вековите“, бесплатна посета на неолитското село Тумба Маџари, а во организација на музејот наредните денови до 1 октомври ќе бидат донесени и 1.500 ученици средношколци од Скопје и Битола на бесплатна музејска тура, со цел одбележување на настанот и запознавање на учениците со движното археолошко културно историско наследство.
Во сабота и недела влезот во Музејот ќе биде бесплатен за сите посетители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дефект со инсталацијата – причина за пожарот во Археолошкиот музеј
-
За „Бела ноќ“ отворено и бесплатно од 18 часот до полноќ во Археолошкиот музеј
-
Предисториските ризници во Чешка ќе се презентираат во Археолошкиот музеј
-
По повод 8 март: Отворена изложбата „Накитот низ вековите од Република Македонија“ во Археолошкиот музеј