| четврток, 6 декември 2018 |

Предисториските ризници во Чешка ќе се презентираат во Археолошкиот музеј

Со наслов „Бронзенодобните ризници во Јужна Бохемија“ на 29 март (среда), во 13 часот, во Археолошкиот музеј на Македонија предавање за предисториското културно наследство во Чешка ќе одржат Ондреј Хвојка и Јан Јон од Универзитетот во Јужна Бохемија.

На предавањето ќе бидат претставени едни од најрепрезентативните предисториски артефакти пронајдени на повеќе локалитети од бронзеното време. Овие ризници најчесто ги сочинуваат накитот и оружјето што во тој период луѓето го носеле и користеле. Гостите ќе говорат за тоа како овој накит и оружје не биле само за декорирање, односно војување, туку на кој начин преку нив се истакнувале статусот и позицијата во рамки на бронзенодобните општества во јужните делови на Бохемија.

Организатори на предавањето се Центарот за истражување на предисторијата (ЦИП) и Археолошкиот музеј на Македонија. ЦИП покрај активното истражување и презентирање на предисториското културно наследство од Македонија, има за цел да ја доближи до македонската јавност и предисторијата на другите земји во Европа.

Овој настан е еден од повеќето во коишто се актуелизира европската предисторија во Македонија, а следат и други каде што во неколку земји ќе се презентира македонското предисториско наследство, известија од Центарот за истражување на предисторијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top