Вчера во ПС Берово А.Н.(43) пријавил дека на местото викано Пиличоско, во атарот на с.Двориште го пронашол починат Христо Н.(72).
По увидот на местото на настанот од страна на беровската полиција, било утврдено дека на 21 септември во периодот од 17 до 19 часот додека го напасувал своето стадо овци на местото Бачиите, Христо бил удрен од гром и починал на самото место.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.