| четврток, 6 декември 2018 |

Челси се разочара од суспензијата на Диего Коста

diego kosta

Напаѓачот на Челси, Диего Коста, доби три меча суспензија од второстепената комисија на ФА на Англија поради инцидентот во кој беше вклучен во дербито против Арсенал, најпрвин со Косчиелни, а потоа и со Габриел.
За чудо, Диего Коста не беше санкциониран со исклучување од мечот, а црвен картон заработи Габриел.
Сепак, Дисциплинската комисија на ФА дополнително го санкционираше.

Но, од новата одлука незадоволни се раководните луѓе на актуелниот англиски првак Челси.

– Екстремно сме разочарани од одлуката на ФА на Англија, поради изречената суспензија за Диего Коста. Ќе го почекаме писменото објаснување за оваа одлука кое ќе пристигне во нашиот клуб, а потоа и официјално ќе ја истакнеме нашата реакција – се вели во соопштението што го објави Челси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top