| четврток, 6 декември 2018 |

Кампања на навивачите на Ливерпул: Ајде сите да се облечеме како Клоп

Навивачите на Ливерпул го губат трпението со менаџерот Брендан Роџерс и посакуваат негова смена. За таа цел на следниот натпревар против Астон Вила во Премиер лигата планираат да започнат со кампања за доведување на германскиот стратег Јирген Клоп на позицијата менаџер.

liver

Кампањата започна на социјалната мрежа „Твитер“ преку која се повикуваат сите навивачи на Ливерпул в сабота да се облечат во црвена тренерка, да носат капче и очила, односно да го ископираат стилот на облекување на германскиот тренер Јирген Клоп.

Во новата сезона од Премиер лигата Ливерпул има освоено само осум бодови и се наоѓа на 13. место на табелата. Роџерс е на клупата на Ливерпул три ипол години, а за тоа време потроши стотици милиони фунти на нови фудбалери, но засега нема освоено ниту еден трофеј.

Јирген Клоп пак со многу мал буџет со Борусија Дортмунд успеа да дојде до две шампионски титули, еден Куп на Германија, два Суперкупа и финалето во Лигата на Шампиони во 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top