| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени 13 лица за афера со лекарства во Романија

Најмалку 13 лица, меѓу кои лекари и фармацевти се уапсени во Романија за измами со платени од државни пари лекарства, за нанесување штета на државниот буџет од околу два милиони евра, соопшти информативниот сајт Зиаре.

lekoviii

Според полицијата, криминалната група била координирана од Титу Сгарчиту, кој моментално се наоѓа во затвор. Меѓу уапсените е и сопругата на Сгарчиту, која е сопственичка на синџир аптеки, преку кои врз база на фиктивни рецепти добивала пари од буџетот за здравство за лекарства кои всушност не биле продадени.

Полицијата извршила повеќе од 60 претреси во Букурешт, Браила, Констанца и Вранча и привела на сослушување вкупно 25 лица, меѓу кои лекари, фармацевти, службеници во министерството за здравство, како и директорот на затворот во кој се наоѓа лидерот на групата.

Групата успеала да нанесе на државата вкупна штета од 9 милиони леи, односно 2,03 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top